Том Џонс, том 3
За С. Т. Колриџ, „Том Џонс“ на Филдинг содржи една од трите совршено испланирани фабули во историјата (покрај „Ојдип Тиранин“ и „Алхемичарот“). За еден пикарескен Bildungsroman со многу навидум нерелевантни епизоди, ова не е само уште една од илјадниците заслужени пофалби туку и крунски доказ за неговата беспрекорност.
Насликувајќи цела низа карактери наспроти платното на фаличната, но добродушна природа на епонимниот главен лик, Хенри Филдинг – уште во еден од најраните романи во историјата на англиската книжевност – во дискурзивно постмодерната структура на својот роман, наоѓа начин да ги вмрежи и своите размислувања за лошите автори и критичари, за фанатичниот методизам, за природата на уметноста и значењето на тоа да се биде автор, за смислата на човекувањето. И сепак, во ниту еден момент да не ја запостави својата приказна. А токму ова е една од чудесните одлики на овој роман: читателот не може да ја заборави ниту фабулата, ниту ликовите, но исто така ниту нивниот заборав од страна на Филдинг.
Ова е последниот од трите тома на „Том Џонс“ во оваа едиција и тој ја опфаќа последната третина од 18-те книги што го составуваат.
Reviews
There are no reviews yet.