Трагичната повест за животот и смртта на д-р Фаустус

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: The tragical history of the life and death of doctor Faustus | Бр. на страни: 128 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Трагичната повест за животот и смртта на д-р Фаустус е најзначајната пиеса на Кристофер Марлоу, базирана врз приказната за Фауст, човекот што си ја продава душата на ѓаволот за да добие моќ и знаење. Првпат е објавена во 1604 година, единаесет години по смртта на авторот. Доктор Фаустус е вистински образец на ренесансниот човек. Тој спаѓа во таканаречените „посегнувачи по ѕвездите“, луѓе што се обидуваат да го достигнат она што на човекот не му е достапно, она што е невозможно и недозволиво. Поради својата трагична грешка, а тоа е убедувањето дека може да му биде рамен на Бога, и желбата за повеќе знаење, Фаустус е заслепен и не гледа дека од вистинското знаење не добил ништо. Во потрагата по апсолутното му се случува парадоксот на голем број трагачи од негов ков: светлината што на крајот ќе го заслепи нема да биде рајска туку пеколна. Ќе му биде дозволен еден миговен поглед на рајската светлина на знаењето, платен со страшниот сјај на вечните огнови на пеколот.

Цена: 250 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Трагичната повест за животот и смртта на д-р Фаустус

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-187-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Трагичната повест за животот и смртта на д-р Фаустус”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in