Транс-Атлантик

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 153 | Димензии: 110x180 | Корица: /

Во Транс-Атлантик автобиографските мотиви се испреплетуваат со нескротливата фантазија, а целината, трагикомична во тонацијата, придобива карактеристики на гротеска. Писателот претставува карикатурална слика за полската емиграција, преку која го прикажува полскиот менталитет и проблемите со коишто неговата родна литература живеела над век и половина.

Транс-Атлантик несомнено е најчудното дело на Гомбрович, доколку го земеме предвид првичниот впечаток на читателите, којшто бил предизвикан од архаично-жаргонскиот јазичен стил на делото. Делото исто така настанало и во чуден момент: токму тогаш, кога авторот бил измачуван од беда, отсечен во далечната Аргентина од својата природна, полска публика. И токму тогаш, кога тактиката би го наведувала писателот да создаде дело, коешто би имало шанса да се избори за да ги врати назад наклонетоста и интересот на читателската средина, тој создава роман којшто впрочем се смета за непреводлив на странски јазик, додека, пак, за Полјаците не многу пријатен, бидејќи е френетичен напад на народните стереотипи.
Рангирано 5 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 250 ден

14 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Транс-Атлантик

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-02-4

2 оценки за Транс-Атлантик

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Фантастична креативност во пишувањето! Дефинитивно секој читател ќе пронајде нешто за себе во овој роман со голема доза на гротеска.

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in