Трезнење

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Triezvenie | Бр. на страни: 127 | Димензии: 13 x 20 cm | Корица: /

Како да се побегне од зачмаеноста на секојдневието?
Занимавајќи се со животите на малите луѓе, во малата средина, расказите од збирката Трезнење на различен начин ја преоблекуваат реалната наметка на современиот свет – независно дали ги конфронтираат своите јунаци со смислата на вработувањето, со планирањето на второто дете, со закупот на гробното место или, пак, со прељубата. Така и суптилно доведуваат до т.н. „внатрешно отрезнување“ на поединецот. Јазикот на Јурај Шебеста, без оглед на тоа за што зборува, претставува перманентна пародија на денешниот „newspeak“. Апсурдните метафори врз кои почива смислата на оваа проза продираат подеднакво и во внатрешните и во надворешните ѕидови на нејзините јунаци. Користејќи го онеобичувањето, т. е. очудувањето на традиционалните форми на раскажувањето, како и бекетовскиот апсурд, истражувајќи го ритамот на секојдневието – на брачните, на вонбрачните или на професионалните приказни – авторот им дава ним впечатлива арома на актуелна сатира.

Цена: 190 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Трезнење

Категорија:
ИСБН: 978-608-4525-86-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Трезнење”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in