Тристрам Шенди том 2
Автор:
Лоренс Стерн
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
265 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
/Напишан помеѓу 1759 и 1767 година, романот „Тристрам Шенди“ бил објавен во пет продолженија а бројните неизвесности што Стерн ги поставил кон крајот на секое продолжение ги задржуваат љубопитноста и интересот за наредното. „Тристрам Шенди“ бил отпрвин примен со воодушевување и покрај тоа што бил критикуван за непристојноста во искрениот третман на сексуалните теми.
Највпечатливите формални и технички карактеристики на овој роман се неконвенционалната временска рамка и самопрогласениот дигресивно-прогресивен стил. Стерн, преку измислениот лик-автор Тристрам, одбива да ги претстави настаните во нивниот вистински хронолошки редослед. Одново и одново во текот на романот, Тристрам се движи низ времето онака како што милува. Освен тоа, тој толку многу се потпира на дигресиите, што сижетните елементи на романот се повлекуваат во заднината а романот изобилува со долги есеистички целини. Тристрам успева да го придвижи својот авторски проект токму тогаш кога ни се чини дека неповратно заскитал со раскажувањето. Суптилноста на романот се должи на пластењето на авторовиот глас што Стерн го постигнува така што го поставува протагонистот за автор на сопствената животна приказна а неа ја прикажува како роман. Сѐ во книгата се филтрира низ свеста на измислениот автор.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.