Царски водопади

Издавач: Ад Вербум | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 684 | Димензии: 135х200мм | Корица: мека

„Царски водопади“ е роман кој ја раскажува приказната за две семејства кои судбината решава да ги спои на еден чуден начин.

Вајтингови се богато семејство и сопственици на фабриките за текстил и кошули во кои работат голем дел од жителите на Царските водопади. Сепак се чини дека сите мажи во семејството се проколнати да се оженат за жени кои ќе им го претворат животот во пекол и на крајот ќе ги надживеат. Никаков исклучок од ова правило не е ни Ч. Б. Вајтинг. Неговата сопруга, г-ѓа Вајтинг, исполнувајќи го тоа проклетство, го наследува сето она кое му останало на семејството по продажбата на фабриките.

Од друга страна тука е Мајлс Роби, кој секогаш обидувајќи се да им угоди на другите, ги губи сите нешта кои му значат: шансата за високо образование, неговата мајка, неговата жена... Скриен зад шанкот на „Емпајр грил“, растргнат во борбата да обезбеди средства и да ѝ пружи убав живот на ќерка си и да се избори со сите каприци на татко си, тој се надева дека еден ден ќе г-ѓа Вајтинг ќе го назначи за сопственик на ресторанот. Но се чини дека судбината има малку поинакви планови...

Извонредна приказна за длабочината на човечките чувства и за тоа што сè сме подготвени да направиме за луѓето кои ги сакаме.

 

„Делото на Русо зрачи со топла, енергична човечност“

 

„Владеењето на Русо со неговата приказна е непогрешливо... Тој ги задоволува сите очекувања без притоа да се изгуби во вителот на предвидливото“

 

„Раскажувањето на Русо е толку природно и човечко, што тој успева од Емпајр грил да направи место каде целосно ќе се соживеете со неговите ликови и со сето она кое им го сервира животот“

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Ад Вербум

Report an abuse for product Царски водопади

Категорија:
ИСБН: 978-608-4627-95-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Царски водопади”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in