Црвениот адресар

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Den röda adressboken | Num. of pages: 295 | Dimensions: 13x20 | Cover: тврда

Дорис веќе години и години, децении и децении, во својот адресар ги запишува најинтересните настани од својот живот. Таа денес има 96 години. И не е свесна дека најдлабоките моменти допрва ќе се случат... Дорис живее сама во својот стан во Стокхолм. Ретко кој ја посетува, но затоа честопати се слуша со Џени, нејзината внука, која живее во Америка. Овие разговори не само што ѝ причинуваат радост туку и ја враќаат во младоста. Кога имала десет години, татко ѝ ѝ подарил црвен адресар, во кој таа ги запишувала сите луѓе што ќе ѝ значат, а особено мажите што ги сакала. Денес, вртејќи ги страниците на овој уникатен дневник, Дорис гледа имиња на луѓе што одамна ги нема и добива желба за пишување. Таа се навраќа на својот бурен живот, низ океаните и континентите, од модерниот Париз во 1930-тите до Њујорк и Англија, од Втората светска војна и назад во Шведска и до човекот кого одамна го загубила, но кого никогаш не го заборавила. Што се случило со Алан, љубовта на нејзиниот живот? Трогателна приказна за спомените, пријателството, надежта и моќта на љубовта. „Напишано со љубов, раскажано со радост. Се чита со уживање.“ (Фредрик Бакман)

Price: 400 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Црвениот адресар

Category:
SKU: 978-608-243-379-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Црвениот адресар”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in