Турнеја
Автор:
Сашо Огненовски
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Турнеја |
Бр. на страни:
269 |
Димензии:
185x120
|
Корица:
/
Малку се делата во македонската литература, чиј тематски интерес е театарската уметност. Исто така, малку се и оние чија жанровска определба е сатирата. Романот „Турнеја“ ги има и двата прерогативи: неговата тема е театарот и неговите болни точки, неговите постојани страдања од социјални, но и од политички аспекти. Романот „Турнеја“ е посветен на мрачните и деструктивни атаци од кулоарите врз егзистенцијата на самата институција, на она што е секогаш плевел не само во театарската уметност, на болните висури како што се дезинформацијата и квазиинтелектуализмот. Сместена во блиска иднина, оваа приказна за огромната турнеја што постојано ја растураат настани што не се од уметничка природа, возбудува, но и поучува. Конечно, оваа тензична приказна во која театарот е распнат помеѓу желбата за надмоќ и она што значи уметничко дело е огледало на оние состојби што се случуваат зад сцената, надвор од институцијата или, можеби, во некакви други простори, кои, за жал, определени како примарни, ѝ ја потпишуваат смртната казна на оваа синтетичка и исклучително интересна уметност. Васил Тоциновски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.