Über Makedonische angelegenheiten
Author:
Крсте Петков Мисирков
Publisher:
Македоника |
Language:
Deutsch |
Year:
2012
Original title:
За македонцките работи |
Num. of pages:
170 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
„За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков на германски јазик е преведена од проф. д-р Волф Ошлис од Германија, кој е и автор на обемниот аналитичен и студиозен предговор.
Несомнено е дека едно од темелните дела за македонската литература, култура, национална самобитност и идентитет е делото на Крсте Петков Мисирков „За македонските работи“. Тоа има фундаментална улога во самосознанието и самоорганизирањето на македонскиот народ во борбата за сопствен национален развој и сопствена држава.
„За македонските работи“ е едно од делата што се посебно значајни за македонската самобитност и за македонската афирмација и несомнено е дека објавувањето на ова дело на други јазици е од исклучително значење за афирмација на историската вистина за Македонија.
На корицата е објавена стара географска карта на Македонија од околу 1750 година изработена од Антон Бишинг, а картата е една од многуте од колекцијата на Ошлис на стари германски карти за Македонија.
Reviews
There are no reviews yet.