УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНИТЕ УСЛУГИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ СО ТЕШКОТИИ ВО ЧИТАЊЕТО
Author:
Чедомир Б. Шопкиќ
Publisher:
Menora |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНИТЕ УСЛУГИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ СО ТЕШКОТИИ ВО ЧИТАЊЕТО |
Num. of pages:
313 |
Dimensions:
B5
|
Cover:
мека
Содржината на ова дело е структурирана во шест поглавја: Дефиниција на инвалидноста; Пристап на библиотеките за лицата со инвалидност; Библиотеки и нивните служби и услуги за лицата со инвалидност; Брајовото писмо-клуч за независност; Дигитализација на библиотечните материјали за слепите и за слабовидните-потреби и можностии Електронскиот текст и корисниците со оштетен вид: стандарди и пат кон универзална пристапност. Како прилог на книгата, наведени се девет прилози, односно информации за библиотечното законодавство и политиката во Европа коишто се користени при пишувањето на ова значајно дело. Во книгата третирани се најновите знаења во поглед на универзалната пристапност до библиотеките за лицата со тешкотии во читањето. Оваа книга претставува оригинален и креативен начин на воведување на читателот, а и на библиотекарот во проучувањето на најсовремените тенденции во достапност на информациите за лицата со тешкотии во читањето. Притоа се користени најновите истражувања и тенденции за унапредување на библиотечната дејност и услуги за одредена категорија на лица.
Questions and Answers
You are not logged in