Управување со јавниот сектор

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2010
Original title: Public Sector Managеment | Num. of pages: 328 | Dimensions: 170x235 | Cover: /

Оваа книга го опишува управувањето со јавниот сектор во Обединетото Кралство. Владите вршат последователно реструктуирања, приватизација, реформи, реорганизација, екстернизација и модернизирање на јавните служби, така што раководителите и вработените се подложни на постојани промени. Поради тоа, во текстот може да се пронајдат многу корисни работи за студентите и за вработените од јавниот сектор, со што полесно би можеле да се изборат со динамиката на промените. Направена е анализа на политиките и на управувањето на јавнот сектор во контекст на историјата на социјалната држава.
Може да се сретнат и нови идеи за управување со јавните служби што е од голема помош при развивање нови модели во практиката.
Норман Флин
е директор на Истражувачкиот центар за финансии и за управување на
SOAS при Универзитетот од Лондон од 2002 година. Интересен податок е дека бил член на мисијата при Обединетите нации во Сараево (1995) како советник за имплементирање на Федералниот устав во Босна и Херцеговина.
Тој ја има поделено оваа книга на два дела. Во првиот дел се зборува за институционалната, политичката и за
финансиската средина во која работат раководителите, за големината, опсегот и за организирањето на јавниот сектор, потоа за сумите одвоени за јавниот сектор и главните развојни политики на социјалната држава, заедно со другите аспекти од државната активност, што ги чинат условите во кои се одвива вршењето на услугите. Вториот дел се однесува на начинот на кој се управувани службите. Првите четири поглавја од овој дел се претежно посветени на услугите што ги дава вработениот персонал директно. Следните три поглавја се за услугите што ги даваат компаниите или други организации што имаат договор со владата или, пак, се регулирани на некој друг начин.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1290 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Управување со јавниот сектор

Category:
SKU: 978-608-229-131-4

1 review for Управување со јавниот сектор

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in