Вимблдонскиот стадион

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Lo stadio di Wimbledon | Бр. на страни: 128 | Димензии: 13 x 20 cm | Корица: /

Првенецот на Даниеле дел Џудиче, Вимблдонскиот стадион (1983), е мешавина од стварност и фикција, а во неговото средиште се наоѓа интересен и значаен лик од италијанската книжевна историја на ХХ век, вљубеник во пишаниот збор, уредник, книжевен критичар, пријател на најзнаменитите автори од периодот, но човек кој никогаш не објавил ништо свое.
 Младиот неименуван раскажувач во романот поаѓа на патешествие – петнаесетина години по смртта на овој таинствен лик – со цел да ѝ влезе во трага на легендата за него и да го пронајде одговорот на клучното прашање: зошто не пишувал? Неговиот лик никогаш не е директно пренесен на хартија, туку е некаде во заднината, во спомените на оние што го познавале, во анегдотите од родниот град. Дел од одговорот можеби и самиот навестува во своите приватни списи, објавени постхумно, каде што некогаш забележал: „Сметам дека веќе не може да се пишуваат книги. Затоа не пишувам книги. Речиси сите книги се фусноти надуени во томови. Јас пишувам само фусноти“.
 Романот, со благи автореференцијални нишки, е поделен на шест поглавја, а дејството се одвива во два града: Трст и Лондон. Од личностите со кои младиот истражувач разговара за да ја проникне тајната на авторот без книги, само две се спомнуваат по име – и тоа две жени, обете овековечени во песни на нобеловецот Еуџенио Монтале.
 Во потрагата по овој недофатлив лик, кој претпочитал да живее отколку да пишува, младичот и самиот решава да појде „по патот кој води од хартија до искуство, иако не знам каков пат е. Веројатно ќе тргнам од имињата што одекнуваа на страниците, хоризонтално, сега веќе чисти имиња, апстрактни и моќни; потоа ќе се упатам кон заоблената и повеќезначна јадрост од која биле извлечени во моментот на преписот. И одново ќе ја барам задачата на хартијата, ќе ги преобмислам аглите на приказот“. А оттаму ќе стаса до роман.

Цена: 190 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Вимблдонскиот стадион

Категорија:
ИСБН: 978-608-4525-80-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вимблдонскиот стадион”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in