Во кралството на мразот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: In the kingdom of ice : the grand and terrible polar voyage of the USS Jeannette | Бр. на страни: 496 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

На 8 јули 1879 година, капетанот Џорџ Вашингтон де Лонг и неговиот екипаж од триесет и двајца мажи испловуваат од Сан Франциско на бродот УСС „Џанет“.

Упатувајќи се длабоко во неистражените арктички води, во своите срца го носат блескавиот копнеж на една млада земја да стане првата нација која го освоила Северниот Пол. По две години макотрпно патување, трупот на УСС „Џанет“ е пробиен од непроодна маса мраз што го принудува екипажот да го напушти бродот среде надојдените водни порои. Часови подоцна, бродот почнува да тоне, а екипажот, со минимални резерви за преживување, е изгубен стотици километри северно од Сибир. Одеднаш, триесет и тројцата сонувачи се соочуваат со застрашувачката реалност на неизбежното: истоштувачки марш низ бескрајниот мраз во потрага по можност за живот.

Борејќи се со неумоливиот глад и психичката исцрпеност, екипажот на
УСС „Џанет“ е исправен пред низа натчовечки искушенија: од снежно слепило и поларни мечки до сурови бури и лавиринти од мраз. Преполна со возбудливи пресврти, „Во кралството на мразот” е фасцинантна приказна за хероизмот и одлучноста на човекот на едно од најбруталните места на планетата Земја.

Цена: 420 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Во кралството на мразот

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-343-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во кралството на мразот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in