Во спомен на баба ми

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Paměť mojí babičce | Бр. на страни: 242 | Димензии: 20х14 | Корица: /

Петра Хулова (1979) е една од најинтригантните чешки писателки од поновата генерација. Нејзин најпознат роман е Во спомен на баба ми, објавен во 2002 година. Веднаш по објавувањето, романот станува најчитана чешка книга на деценијата. За романот Хулова има добиено бројни награди, меѓу кои „Магнезија литера“.

Романот, раскажан преку силните гласови на пет жени од три генерации на едно монголско семејство, е приказна за корените, припаѓањето, традицијата, женската сила и слабост, загубата и поразот, роман за желбата да се пркоси на воспоставените општествени норми, но и за способноста на поединецот да продолжи со животот и покрај личната трагедија. Заја, Долгорма, Алта, Ојуна и Нара се исклучително живи и моќни женски ликови, кои раскажувајќи ја својата приказна се осознаваат себеси и трагаат по сопствениот идентитет.

Иако географскиот контекст во кој се одвиваат настаните е мошне специфичен, романот го отсликува периодот на транзиција кој има сличности со речиси сите пост-советски земји. Хулова успешно го комбинира одличното познавање на современа Монголија со универзалните проблеми на луѓето што мораат да се навикнат на нови, однадвор поставени услови и да живеат живот според нови правила и норми.

Во спомен на баба ми е сложен роман, одлично раскажана приказна со многу драматични ситуации и специфични ликови, која може да се чита и како слика на едно конкретно време и простор, и како универзална човечка приказна.

Цена: 150 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Во спомен на баба ми

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-274-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во спомен на баба ми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in