Во центарот на мојата душа
Писателката во ова ремек дело, ни ја распостила својата душа, на свој начин, со неодолива желба да допре до човекот, до највозвишените чувства. Ова нејзино дело е всушност еден законик, четиво, каде всушност законите на природата, се отсликуваат низ нејзините мисли. Желбата да се допре на највозвишен начин, и да се насочат мислите, кон сето она што навистина треба да нè прави среќни, и задоволни. Симболите на животот и верата, кои треба да бидат патоказ и љубов во срцата на луѓето. Четива, кратки раскази кои го содржат сиот раскош на љубовта, и нè прават да се чувстуваме среќни. Од молитвените зборови упатени кон Бога, до мислите со кои таа ја искажува својата огромна љубов, благородност, особини кои го чинат човекот возвишен и пред себе си, и пред останатите. Во секој нејзин расказ, всушност се крие порака, за моралните вредности, довербата, достоинството, сè она што ја прави симбиозата наречена - човек. Да го поздравиме излегувањето на ова дело и да ì посакаме успех на писателката со нежна душа и племенито срце кое има љубов , огромна земска љубов со која нè почестува и во овие раскази. Бисери со кои секој би посакал да се закити.
Мојата драга пријателка - Маја Арминовска
Оливера Ширгоска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.