Водниот коњ

Publisher: Вермилион | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: The Water Horse | Num. of pages: 100 | Dimensions: 20см | Cover: /

Една верзија на приказната за потеклото на митското чудовиште од Лох Нес. Но, она што наликува на чудовиште е само игриво и питомо суштество кое бргу ќе се спријатели со Кирсти и Ангус. „Водниот Коњ“ е приказна исполнета со магија и мистерија карактеристична за шкотскиот фолклор, но истовремено е и алегорија за различностите и за тоа како преку надминување на непознавањето и предрасудите децата откриваат пријател во страшното чудовиште.Дик Кинг Смит е еден од најплодните и најчитаните британски автори за деца. Две главни карактеристики на неговиот стил се прекрасното чувство за хумор без лажна сентименталност и длабоката верба во можностите да се совладаат сите тешкотии и да се успее наспроти предизвиците. Животните се чести јунаци во неговите книги, меѓу кои се „Господин мајмун“, „Глувчето наречено Волк“, „Храброто прасе Бејб“.„Водниот коњ“ на Дик Кинг Смит е идеална семејна книга за читање на глас.

Price: 150 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Вермилион

Report an abuse for product Водниот коњ

Category:
SKU: 9789989268915

Questions and Answers

You are not logged in