Враќање во живот
Автор:
Зорана Шулц
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Povratak u život |
Бр. на страни:
142 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Како изгледа утрото по судбоносниот пресврт и колку темна умее да биде ноќта? Што да се прави кога се чини дека се е загубено и ништо ве ќе нема да биде како порано? И како да се пронајде мотив за градење нова среќа сред најтешката неволја?
Во романот Враќање во живот на Зорана Шулц, читателот ќе пронајде одговори на овие и многу други животни прашања. И ќе добие крилја да го сака сопствениот живот, и во добро и во зло. Зошто, се што ќе се случи, дадено ни е да не направи подобри и поблагодарни за убавината на животот кој вреди да се живее со полни гради и до крај.
Најтешката битка се добива кога човек ќе реши да не се предава, порачува авторката. Впечатливо, ден по ден, ја опишува соголено, силно, поттикнувачки. Иако ноќта е најмрачна пред осамнување, на оној кој доживеал животот да му се парчоса, тоа најчесто не му е утеха. Но, Зорана Шулц, решила да го потсети секој кој се наоѓа на работ да се предаде дека - не постои нешто што не може да се преживее. И можно е да се вратиме поцврсти отколку пред тоа. Само ако човек собере сили да стане.
„Љубовта и животот се најголемиот подарок. Кога ќе ги добиеш, тогаш љуби и живеј без граници.“
„Најлошиот избор што можеш да го направиш, е да не направиш никаков избор.“
„Се во животот се случува со причина и има своја цел, а ние треба да откриеме која е таа цел.“
„Илузиите немаат мани. И сите очекувања водат во разочарување.“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.