Албанците во Македонија 1944-2001 т.1
Author:
Ирена Ставови-Кавка
Publisher:
Менора |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 1944-2001 т.1 |
Num. of pages:
256 |
Dimensions:
Б5
|
Cover:
мека
Поводи за пишување на монографијата на темата за Албанците во Македонија во периодот 1945 – 2001 г. имаше повеќе. Првиот од нив беше обидот за разрешување на спорот кој трае до денес, главно меѓу самите албански елити, за националниот идентитет на Албанците и ба- рањето одговор на прашањето: што значи денес да се биде Албанец? Живеејќи малку повеќе од 100 години во југословенските структури Ал- банците во Косово, Македонија и Црна Гора, како и оние во Грција се разликуваат од своите собраќа од Албанија. Дискусијата која се водела меѓу Исмаил Кадаре (Ismail Kadare)1, по потекло од албанскиот град Ѓи- рокастро, со косовскиот интелектуалец и писател Реџеп Ќосја (Rexhep Qosja)2 покажува дека барањето одговор на така поставеното прашање денес не е едноставно, а сепак проблемот е обеспокојувачки и важен од гледна точка не само на самите Албанци, туку и на Европа.
Questions and Answers
You are not logged in