Времето на жените

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Время женщин | Бр. на страни: 192 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид, капењето постари жени, одбирањето материјал за нов фустан – што се поважни од големата (и машки извојувана) победа над фашизмот во Втората светска војна. Најпосле, – вистинската приказна за 872-дневната Опсада на Ленинград не ја знаат мртвите херои за кои се напишани пропагандистичките лекции во историите, туку нивните живи сопруги и сестри кои не само што ги гледале своите блиски како изгладнуваат до смрт, туку и го раздале сето свое злато за да откупат од профитерите доволно леб за своите деца — токму оние што на училиште нема никогаш да ја слушнат оваа верзија од историјата.
Привидно едноставна приказна за нетипичното израснување на едно навидум немо девојче – чија пожртвувана мајка работи двосменски за да обезбеди за потребите на сите – од страна на три баби што живеат во истиот стан, Времето на жените е приземен, емотивен и трогателен роман со нималку наивна претензија да ја подрие официјалната руска историја. Распрскано низ пет различни наратори, белото мастило на Елена Чижова навестува не само обрт од церебралната шишкиновска постмодерна на современа Русија, туку и обид за испишување на женскоста во едно доминантно машко советско минато, кое овде, во пренаселените десет квадратни метри на брежњевски СССР, се чини едновремено и помалку грандиозно и повеличествено од она што редовно парадира низ медиумите.
Елена Чижова е родена во Ленинград во 1957 година. Во 1996 година, откако одвај преживува по запалувањето на еден брод за крстарење, ја напушта својата претходна кариера на економист и претприемач и се посветува на пишување. Во 2003 и 2005 година е дел од потесниот избор за Рускиот Букер, награда што ја добива во 2009 година за Времето на жените, полу-автобиографски роман за нејзиното детство.

Цена: 420 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Времето на жените

Категорија:
ИСБН: 978608-229-856-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Времето на жените”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in