Времиња на игра. Детство во Трансилванија
Author:
Клаудиу М. Флоријан
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
/ |
Num. of pages:
368 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
Ова дело, опиено од мирисите на детските игри и на убавите спомени, ги опишува настаните поврзани со едно мешано германско-романско семејство што живее некаде близу градот Брашов во седумдесеттите години на XX век, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете.Живеејќи помеѓу два различни менталитети, на германските Саси и на романските Олтенци, момченцето се обидува да ги опише и да ги разбере премрежињата низ кои минале неколку генерации од двете семејства, притоа опишувајќи ги парадоксите на различните идеологии, култури и религии конфронтирани на различни нивоа.За него сите настани се само игри што ги играат, не само децата туку и возрасните, и тоа – во домот во кој живее, на улицата пред куќата, во маалото каде што го поминува времето.Романот е добитник на престижната Награда за литература на Европската Унија за 2016 година. „Го остава читателот без здив. Истовремено зачудува и засмејува.“Берлинер цајтунг
Questions and Answers
You are not logged in