Вртоглав лавиринт
Author:
Адам Фолдз
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
The Quickening maze |
Num. of pages:
220 |
Dimensions:
13 x 20 cm
|
Cover:
/
Вртоглав лавиринт, досега најамбициозниот книжевен потфат на младиот британски автор Адам Фолдз, ја разгледува темата на умственото растројство низ една историска призма. Стожерот на дејството се руралниот англиски поет од 19. век Џон Клер и неговиот престој во душевната болница во Хај Бич во близината на Лондон. Во истиот период, пред да го достигне врвот на својата слава, во селцето престојува и поетот Алфред Тенисон, кој воспоставува пријателска и деловна врска со сопственикот на болницата, доктор Метју Ален. Двајцата поети не се среќаваат – ниту има историски податоци дека некогаш се сретнале – но во романот нивните судбини и емоционални животи се внимателно и поетично противположени. Тенисон не е пациент, се доселува таму за да биде во близина на својот брат Септимус, кој е сместен во болницата, но е обземен од жал поради прераната смрт на најдобриот пријател. Романот е комбинација од добро истражени факти и плод на авторската имагинација, со акцент не на настаните, туку на внатрешниот свет на главните и споредните ликови, опсесиите и неуспесите и на душевно болните и на навидум здравите.
Reviews
There are no reviews yet.