За последен пат

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: La última vez | Бр. на страни: 159 | Димензии: 20 | Корица: мека

Волшебен книжевен трилер преоблечен во атмосфера на сензуалност, мистерија, страст и психолошка интрига.

Мертон, непоткуплив аргентински литературен критичар од Буенос Аирес добива понуда да отпатува во Барселона, Шпанија, за да прочита вреден необјавен ракопис. Станува збор за последниот роман на познатиот писател А, кој е на смртна постела. Негова последна желба е Мертон да ја открие мистеријата шифрирана во неговото дело, а која ќе стане книжевен клуч од капитално значење доколку сака да биде правилно разбран од идните читатели.

Сепак, Мертон ќе биде искушуван од други, далеку поприземни нешта за време на неговиот престој во луксузното живеалиште на А. Наскоро сфаќа дека е заробен во љубовен триаголник со жената и ќерката на стариот писател, кои како да се натпреваруваат за неговото внимание. Малку по малку, врската меѓу тројцата станува чудна игра на љубомора, привлечност и копнеж.

Роман кој ги открива сплетките во издавачкиот свет од 1990-тите и кој ја гледа литературата преку енигмата на создавањето, заедно со магичниот однос на заведување: атрактивен и многу оригинален.

Цена: 350 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product За последен пат

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-632-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “За последен пат”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in