Зад нејзините очи

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Behind her eyes | Бр. на страни: 432 | Димензии: 20 | Корица: мека

Луис е самохрана мајка, секретарка, заглавена во секојдневјето. На едно од нејзините ретки излегувања, во еден бар се среќава со еден човек и помеѓу нив се раѓаат искри. Иако тој заминува откако ќе се бакнат, таа е воодушевена што конечно пронашла некого. Кога Луис пристигнува на работа во понеделник, таа го запознава новиот шеф Дејвид. Човекот од барот. Кој е оженет… и кој ѝ вели дека бакнежот бил ужасна грешка, но сепак, не може да ги одвои очите од Луис. И, тогаш Луис се запознава со Адел, која е нова во градот и има потреба од пријател, но која е омажена за Дејвид. Дејвид и Адел изгледаат совршено како сопружници, но зошто Дејвид сака толку да контролира, а зошто Адел толку се плаши од него? Луис полека се вовлекува во животот на Дејвид и Адел. Таа открива многу збунувачки прашања што немаат одговор. Единствено што е кристално јасно е дека нешто во овој брак е многу, многу погрешно, но Луис не може да претпостави колку погрешно – и колку далеку може да оди еден човек за да ги заштити тајните на бракот.

Цена: 490 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Зад нејзините очи

Категории: , , , ,
ИСБН: 978-608-262-034-3

Questions and Answers

You are not logged in