Заедно со Филип
ЕДИНСТВЕНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА КУПИКНИГА САМО ПЕТ ДЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА СО ПОПУСТ ОД 20%.
Не случајно е речено дека вистинските писатели за деца и млади, во душата и срцето (или барем во некое скришно катче од нив) засекогаш остануваат млади. Саво Костадиновски секако е добар пример за тоа.
Освртот за творештвото на македонскиот писател Саво Костадиновски, овојпат насочен кон оваа негова најнова стихозбирка, ќе го заокружам со следнава констатација: пишувајќи за Филип, Авторот на песните не напишал песни само за неговиот внук, за Филип од Скопје; тој напишал песни и за Дарко и Марија од неговата група во градинката „Кочо Рацин“; и за Јован и Јана од Битола, и за Фидан и Благуна од Македонски Брод, и за Сара и Петар од Куманово, и за Фикрет и Хасиба од Гостивар; но, и за Волф и Хелен од Германија, и за Пјер и Жанет од Франција, и за Џон и Сузан од Америка, и за Јан и Дајана од Австралија, и за Индира и Кензо од Азија, и за Јусер и Наоми од Африка; тој напишал песни за сите деца од сите континенти и земји на светот.
Александар Кујунџиски
Саво Костадиновски е еден од најпознатите и најпродуктивните македонски писатели за деца и за возрасни, кој поголемиот дел од својот живот го минува во туѓина. Првата збирка со песни Саво Костадиновски ја објавил кај познатиот издавач на литература за деца и млади „Детска радост“ уште во далечната 1980 година. Тоа е збирката Лето во родниот крај. Потоа следат уште редица збирки за деца и возрасни.
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици.
Саво Костадиновски е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Германија, а како значаен поет и прозаист, патописец и есеист, кој се занимава и со преведувачка дејност, членува и во Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.
1 review for Заедно со Филип
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –