Загубениот Рај
Author:
Џон Милтон
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Paradise lost |
Num. of pages:
312 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
мека
/„Загубениот рај“ е трагично дело со елементи на јуначки еп, единствено по своите уметнички вредности не само во англиската туку и во светската книжевност. […] „Загубениот рај“ е трагедија несовршено прилагодена за епска форма. Но, токму епската актуализација ја ,,валка“ трагедијата и го подјадува нејзиното инаку par excellence трагично јадро, па трагичниот исход е потиснат од креативната моќ и триумфот на Месијата и пророштвата за враќањето во рајот. Следствено, како еп, „Загубениот рај“ претставува цел еден свет, но свет што може да се гледа и како трагичен и како јуначки. […] Основниот извор е „Библијата“, а како модели послужиле „Илијадата“ и „Одисејата“ на Хомер, „Енеидата“ на Вергилиј и „Самовилската кралица“ на Спенсер. По однос на јазикот и стилот тоа е посебно и неспоредливо со кое било друго дело во англиската книжевност. Пишувано е во бланкверс со многу отстапки што ја чинат посебноста на неговата прозодија. По преводот на Теодосиј Скопски ова е првото издание на современ македонски јазик.
Price: 252 ден
Out of stock
Notify me when the product will be in stock
The product is already added
Пребарај листа на омилени
Questions and Answers
You are not logged in