Закопајте ми го срцето кај ранетото колено
Author:
Ди Браун
Publisher:
Топер |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Bury my heart at Wounded Knee |
Num. of pages:
540 |
Dimensions:
21
|
Cover:
тврда
„Закопајте ми го срцето кај Ранетото колено“ е класичен, панорамски приказ што Ди Браун го дава за систематското уништување на американскиот Индијанец во втората половина од деветнаесеттиот век. Користејќи записници од советите, автобиографии и описи од прва рака, Браун им дозволува на големите старешини и воини на Дакота, Јути, Сијукси, Чејени и на други племиња, со свои зборови да ни раскажат за битките, за масакрите и за прекршените спогодби, за сите загуби што ги претрпеле откако бил „освоен“ американскиот Запад. Од своето прво објавување во 1971 година, „Закопајте ми го срцето кај Ранетото колено“ е преведена на седумнаесет јазици и продадена во речиси пет милиони примероци. Но, како што пишува Хемптон Сајдс, авторот на бестселери во својот нов предговор кон ова издание на книгата, нејзините успеси „ниту од далеку не го навестуваат ударот со висок напон што книгата тогаш му го задала, и што и денес му го задава, на американскиот националнен идентитет. Како некој одеднаш да го вклучил светлото... како Закопајте ми го срцето да наведе милиони Американци да преиспитаат сè, да си го пренаместат моралниот компас, да тргнат од почеток.“ Како и оние други ретки книги што засекогаш го променија начинот на кој се гледа на нештата што се нивни теми, „Закопајте ми го срцето кај Ранетото колено“ до денешен ден продолжува да шокира и да просветлува.
Reviews
There are no reviews yet.