Записите на ловецот, том 1

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Записки охотника | Num. of pages: 168 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

Можеби делумно одговорни и за подобрувањето на состојбата на селаните во Русија, Записите на ловецот на И. С. Тургенев е реалистичен, објективен приказ на животот на занемарените. Токму ова е суштественото значење и заслугата на оваа книга според уште еден џин на руската литература, Л. Н. Толстој: Тургенев „успеал во епохата на закрепостеност да го осветли животот на селаните и да ги осенча неговите поетски страни“ и да најде во рускиот народ „повеќе добро отколку лошо“. После раскошните тоалети во балските сали, расказите во Записите на ловецот му откриваат на рускиот читател еден нов, многу побрутален но и многу пореален свет – светот на закрепостените селани.


И онака И. С. Тургенев е уникатна појава во руската литература: предизвикан и на двобој од Л. Н. Толстој (со кого потоа не зборува 17 години), исмеан преку ликот на суетниот писател Карамазинов во Бесови на Достоевски, неговото кокетирање со Западот (не само Баден-Баден и Париз, туку и Шекспир, Гете, Гистав Флобер) им е далечно, па дури и одбивно на неговите импозатни современици. Па, сепак, според зборовите на Тургенев, без неговото заминување во странство во јануари 1847 година, Записите на ловецот не би можеле да бидат напишани: „Немаше да ги напишам Записите на ловецот доколку останев во Русија. Не можев да го дишам истиот воздух, да останам до тоа што го замразив... Морав да се оддалечам од мојот непријател за да можам оддалеку посилно да го нападнам. Во моите очи тој непријател беше – крепосното право. Под тоа име ставив и сосредоточив сè против што решив да се борам до крај – за што се заколнав дека никогаш нема да се помирам со тоа. Тоа беше мојата Ханибалова заклетва.“ И до неа се држи на беспрекорен начин: низ Записите на ловецот парадира цела низа на закрепостени селани кои авторот сака да ги прикаже како морално супериорни во однос на „културните“ и „благородните“ дворјани. Селанецот што самиот се изборил за својата слобода Хор и „мечтателот“ Калинич; „чудниот“ старец – џуџе, трагачот по правда со чувство за убавината на природата, Касјан; талентираниот пејач, впечатливиот и страстен „уметник во секоја смисла на зборот“ Јашка – Турчинот; селанчињата крај огнот и нивната љубопитност, тагата, умот, дрскоста, милоста во нивните едноставни и наивни души; Арина, која се осмелува да побара дозвола од своите господари да се омажи па е казнета и протерана да живее на село; Степушка, кој се плаши од смрт од глад; Сучок и сите негови должности...


И покрај влијанието врз Чехов и релативно високата оценка за неговото творештво од Набоков, се чини дека Тургенев и денес живее пред сè на Запад: Хемингвеј ги смета Записите на ловецот за една од големите збирки раскази, Џон Галсворди го смета „Муму“ за еден од најчовечните раскази во историјата на книжевноста, а Џозеф Конрад, Хенри Џејмс, па и Труман Капоти без размислување го преферираат него пред неговите големи современици.

Price: 200 ден

49 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Записите на ловецот, том 1

Category:
SKU: 978-608-229-734-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Записите на ловецот, том 1”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in