Завеса : есеј во седум делa
Author:
Милан Кундера
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Le rideau |
Num. of pages:
158 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
мека
Во овој извонредно просветлувачки, а воедно и забавен збир есеи за уметноста на романот, кој со својата промисла поттикнува на подлабински размислувања, веќе етаблираниот романописец и знаменит интелектуалец Милан Кундера сугерира дека „завесата“ претставува една готова перцепција за светот што ја има секој од нас – еден пред-интерпретиран свет. Работата на романописецот, тврди тој, е да ја растргне и да ја раскине оваа завеса и да го открие она што го затскрива таа.
Кундера, овој во многу нешта неспоредлив уметник на пишаниот збор, во „Завеса“ мошне умно и вешто го скицира својот личен поглед на историјата и на вредноста на романот во западната цивилизација. Притоа, тој ја слави оваа прозна форма, што според него поседува уникатна можност за надминување на националните и на јазичните граници со цел да открие некој претходно непознат аспект на човековото битисување.
Reviews
There are no reviews yet.