Збор и опит 2 : избор од научното творештво

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Збор и опит 2 : избор од научното творештво | Бр. на страни: 232 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

„Збор и опит 2“ е вториот том од двотомниот избор од творештвото на Блаже Конески што го приредија универзитетските професори Иван Џепаровски и Димитар Пандев. Осмислени по повод стогодишнината од раѓањето на Конески, овие две книги треба да претставуваат краток вовед во неговото дело, избор од најважното што го создал во доменот на науката и во доменот на книжевноста.

Овој том е сочинет од најважните дела од богатиот научен опус на Блаже Конески, од неговите трудови и есеи посветени на лингвистиката, историјата и книжевноста. Тука се трудовите од областа на општата лингвистика и историјата на македонскиот јазик, јазичните и стилистичките анализи на песни низ историјата на македонската литература, како и портрети и прикази на култни личности и институции од нашата историја: Охридската школа, Крсте Мисирков, Кочо Рацин итн. Оваа книга го потенцира двојниот статус на Конески, како уметник и како научник и ги прави неговите трудови достапни за пошироката публика.

Цена: 420 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Збор и опит 2 : избор од научното творештво

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-395-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Збор и опит 2 : избор од научното творештво”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in