Земјата на ѓаволот
Земјата на ѓаволот е еден од најчитаните и најпродаваните современи аргентински романи. Овој роман носи силна порака и жестока приказна за општествените неприлики, дискриминацијата, насилството и агресивната доминација на белците над Индијанците. Лум е млада девојка, ќерка на белец и Индијанка од племето Мапуче. Лум за последен пат се бања во реката, кога една група изгубени војници ја пустошат областа во која живее. Убиваат, палат и сè срамнуваат до земја. Тогаш читателот ќе помисли дека тоа е крајот на приказната, а таа штотуку почнува. Ова исклучително четиво раскажува за прекрасното патување до пустината и за неизбежниот триумф на насилството, како и за гневот и незадоволството во бесконечната борба за правда. Ликовите во романот живеат помеѓу храброста и лудилото, предадени на опсесијата.
Questions and Answers
You are not logged in