Жената на тигарот
Автор:
Теа Обрехт
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
The Tiger's Wife |
Бр. на страни:
358 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
Романот започнува со смртта на дедото на Наталија, Леандро, пензиониран доктор. Тој починал сам, за време на едно патување, далеку од дома, во едно зафрлено гратче - Здревков. Несомнено дедо ѝ го искористил патувањето на Наталија за и тој да замине непречен од никого.
Таа е во Брежевина поради вакцинирањето на децата од сиропиталиштето, кога ја добива веста за дедовата смрт. Бидејќи таа веќе знаела за болеста на дедо ѝ не е сосема изненадена од веста, но не може да сфати ѝ да поверува што еден угледен човек, пензиониран доктор, бара таму. Да не случајно тргнал во потрага по бесмртниот човек? Но да почнам од почеток....
Наталија и дедо ѝ имаат посебна врска уште од кога таа била малечка, а приказните со кои тој ја забавувал биле дел од нивниот ритуал сè додека таа не влезе во тинејџерските години. Таа памети дека тој постојано со себе ја носел „Книга на џунглата“, која не смеел никој да ја допре освен него, единствено ако не е отворена во неговите раце. Уште од кога ја добил како подарок од аптекарот во неговото родно место Галина, тој не се дели од неа и постојано ја носи со себе и ѝ чита од приказните на Наталија. Дел од нивниот ритуал освен читањето на приказните од „Книга на џунглата“ е и нивното одење во зоолошката градина за да ги посетат животните, особено тигарот кој по сè изгледа има посебно место во живото на дедо ѝ Леандро.
Две конкретни приказни, не од книгата, но од дедовиот живот, ја следат Наталија постојано. Тоа е приказната за средбата на дедо ѝ со бесмртниот човек, како и приказната за една девојка која толку го сакала тигарот па дури сакала и таа да стане тигар.
Дали конечно дедо ѝ си го одржал зборот и се сретнал за последен пат со бесмртниот човек?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.