Жени во собрание
Автор:
Аристофан
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Жени во собрание |
Бр. на страни:
193 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Група атински жени решаваат да ги убедат мажите, дека тие треба ним да им ја предадат власта, бидејќи сметаат дека можат многу подобро да ја извршуваат таа задача. Преоблечени како мажи, се вовлекуваат во Собранието и го придобиваат мнозинство гласови. Штом ја преземаат власта, изнесуваат нови и радикални предлози, своевиден комунистички програм, според кој сè што поседуваат поединците треба да стане заедничко: и имотот и жените треба да бидат заеднички, секој маж да може да спие со секоја жена, сите робови да бидат заеднички и да извршуваат работи за сите граѓани...
* * *
Препевот одржува рамнотежа меѓу јасноста на македон- скиот текст (природната синтакса и неартифициелната лексика) и семантиката на оригиналот. Хуморот произлезен од актуелниот контекст е задржан, а наместа веќе изгубената смисла е протолкувана со упатувања на современ сличен контекст. Оригиналот не е стерилизиран со академски еуфемизми. Со двојните преводни решенија во објаснувањата и другите разновидни диспозитиви оставен е простор за современа сценска постановка...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.