ЖЕРМИНАЛ
Автор:
Емил Зола
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Germinal |
Бр. на страни:
477 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
мека
/Романот Жерминал спаѓа во оној комплекс романи од Зола кои предизвикувале недоразбирања и скандали според своите теми и обработката. Зола секогаш избирал нешто карактеристично и шокантно, но вистинито и впечатливо. Во таа смисла, еден толкувач на Жерминал ќе напише: „Поврзувајќи ја репортажата со романот, земајќи за главен јунак на своето дело одредена гранка од производството, Зола и во Жерминал внесол нешто ново. Всушност, покрај една група ликови кои се во првиот план, вистинскиот јунак на Жерминал е масата рудари, таа ги исполнува страниците на книгата, таа ја дава нејзината сила и нејзината величина. Хорот од античката трагедија повторно се раѓа во најмодерниот роман и добива значајна улога која ја имало кај Есхил. Можеби не било доволно нагласувано колку средствата, визуелната перцепција, начинот на мислење низ сликите го приближуваа Зола до режисерот, и затоа поголемиот број од неговите романи се слични на филмот“.
Questions and Answers
You are not logged in