Животот и времињата на Мајкл К
Во образложението на Нобеловиот комитет, меѓу другото, се вели дека со Животот и времињата на Мајкл К „станува јасно дека Куци е писател на самотијата“.
И навистина, како и самиот Куци, насловниот лик од романот среќата ја наоѓа само кога е сам со својата – едновремено буквална и волтеровска – градина: роден со зајачка уста и со ограничени умствени способности, неговата потчовечка хуманост се чини осудена да опстојува исклучиво во судир со еден длабоко дехуманизиран свет кој сме се навикнале да го сметаме за нормален во отсуство на едноставните цели и нескршливиот дух на Мајкл К.
Поделен меѓу два наратори и на три несразмерни дела, должен на визиите на Кафка, но и со видлива намера да надомести за недостигот на смисла кај својот духовен претходник, Животот и времињата на Мајкл К е речиси алегориска приказна
за бегството на еден безначаен граѓанин од општовладејачкото безредие кон една состојба на трансцендирачка рамнодушност кон повеќето потреби, кон „немоста што ја негира логиката на моќта“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.