Животот и времињата на Мајкл К

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: / | Num. of pages: 210 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

Во образложението на Нобеловиот комитет, меѓу другото, се вели дека со Животот и времињата на Мајкл К „станува јасно дека Куци е писател на самотијата“. 

И навистина, како и самиот Куци, насловниот лик од романот среќата ја наоѓа само кога е сам со својата – едновремено буквална и волтеровска – градина: роден со зајачка уста и со ограничени умствени способности, неговата потчовечка хуманост се чини осудена да опстојува исклучиво во судир со еден длабоко дехуманизиран свет кој сме се навикнале да го сметаме за нормален во отсуство на едноставните цели и нескршливиот дух на Мајкл К.

Поделен меѓу два наратори и на три несразмерни дела, должен на визиите на Кафка, но и со видлива намера да надомести за недостигот на смисла кај својот духовен претходник, Животот и времињата на Мајкл К е речиси алегориска приказна

за бегството на еден безначаен граѓанин од општовладејачкото безредие кон една состојба на трансцендирачка рамнодушност кон повеќето потреби, кон „немоста што ја негира логиката на моќта“.

Price: 210 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Животот и времињата на Мајкл К

Category:
SKU: 978-608-247-612-4

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Животот и времињата на Мајкл К”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in