Ѕидот белутрак

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 232 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Најновото авторско остварување на Велко Неделковски е збирката раскази и новели „Ѕидот белутрак“ – во која, низ временски прескоци, а преку четиринаесет тематски целини, се одвива тревожна потрага по човековите доблести, недостатоци, предизвици, премрежиња, таги, а поретко и радости, мечти, дострели и падови на духот, неостварени соништа и тескобно јаве. Во овие раскази минатото е гордост или можеби товар, сегашноста е певливо или можеби плачливо време, а иднината – блиска за воздишка, а далечна за дофат. Реалното во оваа проза е грчовит заграб за почвата, а мистичното е (не)забранет лет во посакувани предели...

Збирка раскази со значење на еден цел космос од аспект на опишаните ликови. Како и секогаш, Неделковски умее реалистичната постапка во своите дела паралелно да ја испреплетува со магиски елементи и со надреалистични и гротескни ситуации. Мајсторот на краткиот расказ успева преку постмодернистичката стилска постапка на „претерување“ и „краток спој“ да ја долови апсурдноста на човековиот живот.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Ѕидот белутрак

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-275-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ѕидот белутрак”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in