Змија

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Ormen | Num. of pages: 256 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Ова е книга за стравот, најсилниот човечки инстинкт. Авторот тргнува да испита како канџата на теророт грабнува група луѓе и како реагираат на тој стисок, секој според својата сопствена психолошка конституција. Романот сака да покаже дека е неопходно да се признае исконската човекова вознемиреност, а не истата да се негира. Да се соживееме со стравот е единствен начин човекот да се пронајде себеси.

Напишана за време на Втората светска војна, Змија е сместена во Шведска, исплашена поради воената загрозеност. Дагерман, војник и анархосиндикалист, го користи секојдневното отслужување на воената обврска како основа за испитување на социјалната правда и на психологијата на стравот.

Првиот дел од романот е за една жена која работи во воениот камп и го среќава Бил, војник-садист. Вториот дел го претставува вознемирувачкото искуство на алтерегото на писателот, а во последната глава е претставено авторовото гледиште како да се победи стравот.

 

Стиг Дагерман е еден од најважните шведски писатели после Втората светска војна. Неговите собрани дела во 11 тома и понатаму ги инспирираат читателите, писателите, музичарите и филмаџиите. Во Шведска постои книжевна награда која го носи неговото име.

 

„Толку моќно и убедливо книжевно деби, што во овој век не постои друг шведски автор што ќе го надмине“.

Олоф Лагенкранц, Дагенс Нетер

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Змија

Category:
SKU: 978-608-243-090-4

2 reviews for Змија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

    mnogui mi se dopadna knigata knigata ubavi zborovi ima

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in