Чочара

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: La Ciociara | Бр. на страни: 292 | Димензии: 135x200 | Корица: /

Алберто Моравија е една од најмаркантните личности на италијанскиот XX век. Тој е пример за интелектуалец-писател, кој се занимавал со литература и новинарство, а истовремено будно ги следел и активно реагирал на најзначајните превирања на општествената сцена во своето време. Чочара е еден од најголемите италијански романи, детален, богато нијансиран и крајно потресен портрет на животот на обичните луѓе во хаосот на Втората светска војна. Но, треба да се истакне дека не станува збор за некое „блуткаво“ антивоено дело, туку книга што успева да ги долови човековите судбини во сите остри, болни, глупави, а понекогаш и комични детали што само најдобрата литература може да ги донесе. Романот може да се чита и преку алегоричен клуч: силувањето на беспрекорно душевната, доблесна и чесна млада девојка е симболична слика на падот, кој го доживува италијанското општество со појавата на фашизмот... Според романот е снимен истоимениот филм на Виторио де Сика, со Софија Лорен во главната улога, за која италијанската актерка доби Оскар.

Цена: 390 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Чочара

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-312-3

Questions and Answers

You are not logged in