Новели – Чехов

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Степь; Скучная история; Дуэль; Палата № 6; Три года | Бр. на страни: 445 | Димензии: 135x200 | Корица: тврда

Антон Павлович Чехов се смета за еден од најголемите раскажувачи во светската литература, кој има извршено револуција во формата на расказот. За Чехов е карактеристична одредена „моцартовска леснотија на стилот“, причина поради која неговите раскази и новели изгледаат како да се напишани без трошка напор. Духовите, но суптилни и на моменти лежерно остри, без големи воведи и одење во ширина, неговите новели нудат продлабочено сликање на рускиот живот и човечките судбини. Тој е врвен истражувач на човечката природа, кој умее од обична животна ситуација да создаде траен симбол за човечката егзистенција.    „Чехов е еден од оние неколку неопходни писатели.  Неговите приказни кои нѐ потопуваат во чувства, ги прават нашите чувства помудри и повеликодушни.“                                                                                                                     Сузан Сонтаг „Расказите на Чехов се исто толку прекрасни (и неопходни) сега колку и во времето кога се појавиле. Тие прикажуваат, на исклучително прецизен начин, огромен обем на човечки активности и однесувања кои иако се од едно поминато време, важат за сите времиња.“ Рејмонд Карвер

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Новели – Чехов

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-303-1

Questions and Answers

You are not logged in