Шеесет приказни општо за животот
Автор:
Иво Петровски
Издавач:
Слово |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Шеесет приказни општо за животот |
Бр. на страни:
114 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
Kнигата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски e втора книга на овој млад надарен прозаист и автор на сценарија за кратки филмови. Книгата е проследена со краток поговор од Звонко Танески во кој тој, покрај другото, истакнува дека Петровски ги слика малите луѓе и низ својата постапка постигнува актуелна сатира. “Стилот на раскажување“, продолжува Танески, „е уметнички вешт, речиси до крај непредвидлив, и доведува до т.н. „внатрешно отрезнување или разобличување“ на поединецот. Мошне често и имињата на главните јунаци се предадени во деминутивна форма, а и просторот на нивно маневрирање е многу пати фиктивно врамен што сведочи за тоа дека оваа проза е во таа смисла и надвременска и може да претставува слатко четиво за книжевни сладокусци...“
Questions and Answers
You are not logged in