Шеесет приказни општо за животот

Publisher: Слово | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Шеесет приказни општо за животот | Num. of pages: 114 | Dimensions: 20 cm | Cover: /

  Kнигата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски e втора книга на овој млад надарен прозаист и автор на сценарија за кратки филмови.  Книгата е проследена со краток поговор од Звонко Танески во кој тој, покрај другото, истакнува дека Петровски ги слика малите луѓе и низ својата постапка постигнува актуелна сатира.             “Стилот на раскажување“, продолжува Танески, „е уметнички вешт, речиси до крај непредвидлив, и доведува до т.н. „внатрешно отрезнување или разобличување“ на поединецот. Мошне често и имињата на главните јунаци се предадени во деминутивна форма, а и просторот на нивно маневрирање е многу пати фиктивно врамен што сведочи за тоа дека оваа проза е во таа смисла и надвременска и може да претставува слатко четиво за книжевни сладокусци...“

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Слово

Report an abuse for product Шеесет приказни општо за животот

Category:
SKU: 9989-103-36-4

Questions and Answers

You are not logged in