Роман 1987
Автор:
Даг Солстад
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Roman 1987 |
Бр. на страни:
368 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Во Роман 1987, Фјорд, образован човек во средните четириесетти години, ја раскажува својата приказна: бара да биде разбран, да ја објасни својата судбина, судбина над која ја има целата одговорност. Како читатели го следиме во улога на студент, новинар, сопруг, наставник по историја во гимназија. Во еден момент на еурека-проблесок, сфаќа дека е фрлен во процес на „себепролетеризација“ од страна на маоистичката партија на која припаѓа и завршува како наемник во една фабрика за картонски кутии во Лилехамер. Еден ден фабриката се затвора и Фјорд се чувствува како осамен човек без иднина. Но дали навистина е така? Повторно останува имун на судбината. Приказната може да се чита како егзистенцијалистичка, како приказна во која еден човек се обидува да му побегне на апсурдот; на мигот кој не е поврзан со ништо друго, кој не припаѓа на поголемата слика. На тој начин Фјорд почнува да размислува околу историјата, а главно прашање станува: Дали можеме некогаш воопшто да го сфатиме времето во кое живееме? Роман 1987 е добитник на наградата на Нордискиот совет за култура во 1987 година. „Ние сме во рацете на врвен раскажувач. Три децении на свесно и на несвесно размислување е дадено како на рендгенска слика... Пливате во целосно задоволство на читање и на експлозивна смеа. Солстад е голем реалистичен писател. Не постои друг автор што би можел да му се доближи.“ Политикен, Данска Даг Солстад (1941) е норвешки автор на 30 книги и единствен писател кој трипати ја добил Наградата од Норвешката книжевна критика. Неговите книги, преведени на 20 јазици, поради силната политичка заднина (марксистичко-ленинистичка линија) се сметаат контроверзни. Живее на релација Берлин-Осло.
Questions and Answers
You are not logged in