Ова е моето последно молчење

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 240 | Димензии: 12x20 | Корица: /

             „Ова е моето последно молчење“ има за цел да ги претстави современите македонски поетеси кои активно творат во последниве десетина години.             Станува збор за панорамски преглед со избор од неколку песни кои најдобро ќе го претстават личниот севкупен поетски печат на авторките, од поетеси од различни генерации, активни на сцената со по неколку објавени авторски книги поезија на македонски јазик. „Ова е моето последно молчење“ не претставува селективно групирање на авторски дела со слична и обединувачка естетска или тематско-мотивска нишка, туку ги обединува во една интензивна книга колешките по перо и, како што ги нарекува феминистичката критика, „сестрите по род“, со веќе докажана естетска и книжевна вредност, во заедничко дело кое ќе претставува глобално огледало на женското писмо во XXI век во Македонија, наместо персонално претставување на одбран број авторки.             Ваков тип книга не е битен само од книжевен и родов аспект, туку и од национален и со нејзино објавување Македонија ќе може да застане рамо до рамо со останатите современи и напредни земји, кои функционираат не само демократски, туку и демократско-родово, бидејќи овој тип обединувачки зборници се историско-културолошки неопходни.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Ова е моето последно молчење

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-147-5

Questions and Answers

You are not logged in