Смртта на Бани Манро

Автор: Ник Кејв
Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: The Death of Bunny Munro | Бр. на страни: 247 | Димензии: 145х205 | Корица: мека

„Смртта на Бани Манро“ е вториот роман на Ник Кејв, познатиот пејач и предводник на групата „Ник Кејв енд д Бед Сидс“, напишан цели дваесет години по неговиот прв роман, „И магарето го виде ангелот“.

Романот е приказ на последното патување, на „последната зделка“ на патувачкиот трговец Бани Манро, кој на крајот на неговиот животен пат се соочува со спогодбата за сопствената душа.

Бани Манро е средовечен и многу порочен развратник, кому по злоупотребата на многу жени и на многу алкохол, како казна му стигнува самоубиството на неговата сопруга и, воедно, мајка на неговиот син, Бани Помладиот, кој сега останува во негова грижа. Романот го опишува неговиот последен ден „на работа“ во Брајтон и околината, инаку местото каде што навистина живее и авторот на романот – самиот Ник Кејв.

„Смртта на Бани Манро“ е еден роман од кој неминовно избива карактеристичниот мрачен и саркастичен хумор на еден од најхаризматичните и најоригинални рок-икони на крајот на XX и почетокот на XXI век, кој со овој бестселер се потврдува и како оригинален и автентичен романописец.

Цена: 350 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Смртта на Бани Манро

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-681-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Смртта на Бани Манро”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in