Писателот оддалеку
Автор:
Владан Матијевиќ
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Pisac izdaleka |
Бр. на страни:
233 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Награда „НИН“! „Писателот оддалеку“ е пародичен, ироничен, зајадлив, сурово реалистичен роман. Во него авторот си поигрува со романескните конвенции, се потсмева со писателот кој пишува роман за да ја добие наградата за роман на српската фабрика за шеќер. Но се поигрува и со постмодерните дискурси на раскажување. Тоа е приказна за писателот шарлатан кој се бори да се прослави како писател, а тоа исмевање всушност е и потсмевање на масовното „штанцање“ романи, на ароганцијата на читателите и на суетата на писателите. Оваа пародија за пишувањето роман за награда е наградена со висока книжевна награда – Владан Матијевиќ за „Писателот оддалеку“ ја доби Наградата „НИН“ за роман за 2003 година.
Questions and Answers
You are not logged in