Можеби заминуваме

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Možná že odcházíme | Бр. на страни: 152 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2005 година и е прогласена за книга на декадата во Чешка (2002 – 2011), како и со наградата на читателите – Книга на годината според анкетата на весникот „Лидове новини“ во 2004 година.

„Можеби заминуваме“ е книга во која авторот пишува за судбините на сосема обичните луѓе кои вообичаено се соочуваат со болката, самотијата, празнотијата, среќата или со разочарувањето и затоа авторот е нарекуван познавач на човечката тага. Притоа, Балабан ги ползува митовите, легендите, Библијата, колективната меморија или духот на времето за да биде максимално уверлив во раскажувањето на приказните во дваесетте раскази, кои тематски и структурно се сосема различни, но сите подеднакво привлечни за читање. Раскажува за ситуации за кои се чини дека нема излез, дека нема пат напред или дека патот секогаш е непознатост и иднина. И затоа крајот на неговите раскази е речиси секогаш отворен. Од критиката е наречен егзистенцијалистички писател. 

Јан Балабан (1961 – 2010) е еден од најпознатите чешки книжевни творци, не само на својата средна генерација, туку воопшто во современата чешка литература. Успеал да им даде тежина на обичните зборови и на обичните настани.   

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Можеби заминуваме

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-065-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Можеби заминуваме”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in