Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1
Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 1 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство.
Секако, може да им послужи како корисно јазично помагало на наставниците и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на правописот и на правоговорот.
Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се приближат на студентите основните знаења од теориски и од практичен аспект од областа на правописот и на правоговорот. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена, не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.
Во оформувањето на овој практикум несебична поддршка и помош ни дадоа и нашите рецензенти со нивните забелешки и сугестии, за што им изразуваме голема благодарност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.