Пената на црниот бран
Автор:
Владимир Илиевски
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Пената на црниот бран |
Бр. на страни:
172 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
тврда
Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси. Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство. Својата раскажувачка техника, Илиевски не ја затвора во еден унифициран модел. Тој вешто експериментира со начините на раскажување, обидувајќи се притоа секоја од тие наративни техники да ја задржи и да ја оправда својата функционалност во расказот како прозна целина. Според рецензентот на книгата, проф. д-р Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа, и во сето тоа, откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија.
1 оценка за Пената на црниот бран
Questions and Answers
You are not logged in
File Man –
Добра книга! Одлични раскази!