Алиџан
Автор:
Јусуф Сулејман
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
/
Алиџан станува воен заробеник, но ја преживува војната. По неа станува активен член на екипите на меѓународниот Црвен крст што работат во повоената, разрушена Германија. Таму ги запознава Изолда и повратниците логораши, ја запознава патоодната судбина на земниот живот, а ја потиснува Ананка како ветување на самата природност на својот човечки живот. Романот „Алиџан“, заедно со „Ананка“, го формира диптихот „Живот или судбина“, социолошко-политичко-философски роман во два дела базиран на вистинити животни судбини, историски и политички настани... Преку ликовите на Ананка и Алиџан, Роми од Топаана, и Изолда, млада Германка, во романот „Алиџан“ се отсликува животот во Германија, во Југославија и во Македонија во втората половина на ХХ век, живот со многу војни, љубов, разделби, поделби и соединувања. Писателот Јусуф Сулејман, со својот специфичен стил на директен говор, ја ткае приказната низ видокругот на ромските познанија за доброто и злото, за Земјата и Космосот, за Сегашноста и Вечноста, за заветот и течението на животот, за злосторствата на нацистите, за човештината на мирољубивите Германци, за победените и победниците, за градењето и рушењето на Берлинскиот ѕид, но и за уривањето на Југославија, создавањето на самостојна држава Македонија и каде во сето тоа наоѓа место животот на обичниот човек.
Questions and Answers
You are not logged in