Роња, разбојничката ќерка
Автор:
Астрид Линдгрен
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Ronja rövardotter |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
120х200
|
Корица:
мека
Ноќта кога се роди Роња, врз планината беснееја громови. Но, во Замокот на Матис и меѓу неговиот клан разбојници владееше радост, затоа што Матис го доби својот наследник во неговата црнокоса ќерка. Набрзо Роња научи да танцува и да пее со разбојниците, а сепак најубаво се чувствуваше во својата самотност во шумата.
Еден ден, Роња го сретна Бирк, синот на најголемиот непријател на нејзиниот татко. Недолго откако се спријателија, помеѓу двете ривалски банди избувна дотогаш најголемата кавга, а Роња и Бирк се најдоа во средината.
Оваа оригинална и безвремена приказна, што треба да се чита гласно, веќе ужива статус на детски книжевен класик. Во неа се измешани магични суштества, возбудливо дејство, мошне смешни сцени и природни убавини, а во средиштето стои длабока љубов помеѓу момче и девојче.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.